Повредени пет лица, девет собраќајки во изминатото деноноќие во Скопје

Пет лица се здобиле со лесни телесни повреди во три од девет сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје.

Во шест е причинета материјална штета. Полицијата, според податоците на Министерството за внатрешни работи, од сообраќај исклучила 45 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, 24 пред да се стекнат со право на управување моторно возило и тројца почетници.

Санкционирани се и тројца возачи за технички неисправни возила, 21 за нерегистрирани и 144 за непрописно паркирање. Со специијалното возило „пајак” подигнати се 82 возила.

Казнети се и тројца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, по четворица за поминување коловоз и крстосница на црвено светло, четворица возачи кои не дале првенство на минување нан пешаците на обележанн пешачки премин, двајца за неправилно престројување.

Изречени се и осум казни за некористење заштитен шлем од страна на возачите на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл, како и пет за не носење сигурносен појас за време на управување на моторно возило.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот