Најважниот производ за нега на кожата

Дерматолог ни открива кој е најважниот производ за нега на кожата, а повеќето од нас не го користат редовно…

Д-р Сандра Ли, попозната по името Dr Pimple Popper и снимките на кои на луѓето им третира страшни мозолчиња, сега ни открива што смета дека е најважниот производ за нега на кожата.

„Не ви се потребни многу пари. Кремата со заштитен фактор е најважната работа во негата на кожата, а нема потреба да трошите пари на скапи сапуни, тоници и слични работи“, тврди таа.

Зборувајќи за тоа дека на пазарот се достапни стотина различни производи за нега на кожата, овој дерматолог смета дека единствено ретинолот е „вреден“.

„Сметам дека вреди да се користи ретинол – инаку се користи за третирање на темни дамки, спречување на појава на брчки и акни“.

Значи, слушнавте, за најважен производ д-р Ли ја смета кремата со заштитен фактор, која повеќето од нас ја користат само на море, а многу дерматолози сметаат дека би требало да ја користиме секојдневно, за да го спречиме забрзаното стареење, појавувањето на дамки од сонце и за да ја заштитиме кожата од зрачење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот