Еве поради што немате тен каков што посакувате

Дерматолозите предупредуваат дека со слатките особено треба да бидат претпазливи лицата кои се склони на акни и егземи, а ситуацијата може дополнително да се влоши доколку имате проблем и со алергии.

Доколку сакате да јадете слатки, а имате проблем со кожата, би било добро внесот на шеќер да го сведете на разумна мерка.

Кога конзумираме слатки нашиот организам го активира инсулинот кој е задолжен за регулација на нивото на шеќер во крвта, но тоа може да предизвика црвенило на кожата, особено на лицето и да поттикне воспалителни процеси. Дерматолозите предупредуваат дека особено би требало да бидат внимателни лицата кои се склони на акни и егземи, а ситуацијата може дополнително да се влоши доколку имате проблем со алергии.

Претераната конзумација на слатки на кои многумина се „слаби“ неретко доведува и до создавање на брчки. Па, одлучете сами. Убава кожа или уживање во неодоливиот „порок“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот