„Новите!“ 2020: Конкурс на „Темплум“ за дебитантски прозен ракопис

Издавачката куќа „Темплум“ по петнаесетти пат го распиша конкурсот „Новите!“ за најдобар прозен дебитантски ракопис на македонски јазик. Целта на наградата е да ги промовира и да ги афирмира новите автори во македонската книжевност, новите тенденции во литературата, новите поетички начела, пристап и начин на организирање во сферата на литературата, новите обиди книжевноста да стане општествено повлијателна во секоја смисла: културно, пред сè, но и економски и медиумски.

Ракописите може да се праќаат до 6 декември, а наградата ќе се додели кон крајот на декември 2020 година. Досегашни добитници на наградата се: Алекс Букарски, Галијана Маркова, Дозгулпмус (Климент Булоски), Ненад Јолдески, Иван Шопов, Хигсов Бозон, Кирил Минанов, Дејан Мирчески, Драган Георгиевски, Михајло Свидерски, Сања Михајловиќ Костадиновска, Ѕвездан Георгиевски, Гето Руди, Дејан Василевски, Андреј Ал-Асади и Ирена Јурчева.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 56, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 14-15 ноември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот