Фото: EPA-EFE/DOMENICO CIPPITELLI

Зверев поминал низ драма – гром удрил во авионот со кој патувал на Ролан Гарос!

Третиот тенисер во светот, Германецот Александер Зверев, доживеа вистинска драма на патот кон Париз, откако во авионот со кој патувал удрил гром. Инцидентот се случил додека Зверев патувал на Ролан Гарос, вториот грен-слем турнир во сезоната, кој започнува в недела.

По пристигнувањето во Париз, Зверев одржа прес-конференција на самиот комплекс каде се игра турнирот и пред новинарите ги сподели вознемирувачките детали за непријатното искуство што го доживеал при патувањето.

„Требаше да полетаме синоќа во 18:45, но гром удри во авионот. Мораше итно да слетаме назад во Хамбург“, откри Зверев, додавајќи дека, иако немало турбуленции, се слушнала гласна експлозија која предизвикала вознемиреност кај патниците.

Поради принудното слетување, германскиот тенисер во Париз пристигна со значително задоцнување, наместо попладне, неговиот лет полетал дури по полноќ, а слета околу 3 часот наутро. И покрај доживеаната стресна ситуација, Зверев успеа да го одработи планираниот тренинг и да се појави пред медиумите.

Зверев и оваа година ќе биде меѓу главните фаворити на Ролан Гарос, особено по минатогодишниот успех кога стигна до големото финале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот