фото: EPA-EFE/JOEL CARRETT

Зверев е првиот полуфиналист на Австралија опен

Германскиот тенисер Александар Зверев денеска се пласираше во полуфиналето на Австралија опен во Мелбурн, откако во четири сета со 7:6, 7:6, 2:6, 6:1 го совлада светскиот рекет број 11 Американецот Томи Пол.

Вториот светски тенисер победи по три часа и 28 минути и по трет пат во кариерата се пласираше во полуфиналето на Австралија опен.

Тенисерите направија по еден брејк во првиот сет и се играше тајбрејк кој Зверев го доби со 7:1.

Исто така во вториот сет и двајцата имаа брејк топка и се играше нов тај-брејк кој германскиот играч го доби без загубен поен, 7:0.

Пол играше подобро во преостанатиот дел од мечот, двапати направи брејк на сервисот на Зверев и го освои третиот сет, но германскиот тенисер се засили во четвртиот и со два брејка и по третата меч топка се пласираше во полуфиналето.

Зверев ќе игра против подобриот од дуелот меѓу српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и Шпанецот Карлос Алкараз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот