Зошто зачестија обвиненијата за геноцид за војната во Украина?

Буча, Украина / Фото: Слободен печат - Кристина Атовска

Која е заднината во реториката на западните и светски политичари кои кога ја коментираат војната во Украина, во своите изјави гo користат терминoт геноцид врз украинскиот народ.

Михал Вит, универзитетски професор експерт во меѓународна политика

Во свој осврт на актуелните случувања за „Слободен печат“, чешкиот универзитески професор Михал Вит кој е експерт во меѓународна политика оценува дека кога изјавите на критичарите за инвазијата на Украина се радикални во реториката, бидејќи тоа во суштина значи дека оние кои критикуваат, во пракса не можат да го спречат развојот на настаните на боиштата.

– За жал морам да констатирам дека обвинувањата за геноцид, воени злосторства или пак за користење на биолошко и хемиско оружје во суштина се доказ дека меѓународното право не може да се практикува врз големите и силни земји каква што е Русија или некои слични на неа – вели професорот.

Тој појаснува дека дополнително вакви и слични примери во кои не можеше да се спречи самоволието на Русија имаше и во минатото конкретно во војната во Сирија.

– И тогаш претседателот Барак Обама како и сега Џо Бајден, демонстираат немоќ во спречување на вољата на рускиот претседател Владимир Путин – вели Вит.

Во меѓувреме, најсвежата етапа на оваа реторика се случи кога американскиот претседател Џо Бајден на говор во Ајова го обвини претседателот на Русија Владимир Путин за геноцид во Украина. Тој ја обвини руската војска за „геноцид“, но појасни дека меѓународните правници ќе бидат тие што ќе го кажат дефинитивниот збор.

Од друга страна пак францускиот претседател Емануел Макрон одби да ги опише руските злосторства во Украина како геноцид.

Запрашан од новинар на француската јавна телевизија дали би го употребил тој збор за да ги опише руските активности во Украина, како што тоа го направи американскиот претседател Џо Бајден во два наврата, Макрон рече: „Би бил претпазлив со таквите термини бидејќи тие се две братски народа (Русите и Украинците).“

– Сакам да продолжиме да се обидуваме, колку што е можно, да ја запреме оваа војна и да го обновиме мирот. Не сум сигурен дека таква ескалација на реториката служи за таа цел – рече Макрон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот