Зошто пожарот во Универзална сала е пријавен дури по еден час откако настанал и тоа од случаен минувач, праша Арсовска

Градоначалничката обвини и за упад во системот за јавни набавки на Биро за јавни набавки и праша по кој член од Законот за јавни набавки, јавна набавка што минатата 2023 година е трајно завршена, реализирана и архивирана, може повторно да се активира како во овој случај во 2024 година, со неовластено пристапување од друга институција во профилот на Град Скопје.

По опожарувањето на Универзална сала сите неправилности на кои укажувавме се покажаа точни, но остануваат многу прашања отворени, на кои се очекуваат одговори.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на денешната прес-конференција посочи дека има многу нелогичности во изјавите дадени по пожарот како на пример, изјавата на министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска дека за пожарот дознала пред 9 часот, додека изјавите од Противпожарната бригада беа дека пожарот го пријавил случаен минувач во 9.50 минути. Сопственикот на фирмата „Универзал Балкан“, која ја изведува реконструкцијата претпостави, како што рече Арсовска, дека причината за пожарот е некој стар кабел или стара интервенција.

Затоа градоначалничката јавно постави повеќе прашања на кои очекува одговор од засегнатите институции:

Зошто ако министерката осознала за пожарот пред 9 часот, тоа не го пријавила? Зошто ако инженерката и работниците сами го гаснеле пожарот и дозволиле да се прошири, не пријавиле ниту побарале помош од Пожарна, туку пожарот е пријавен многу подоцна од случаен изведувач? На што се темели изјавата на изведувачот дека причината за пожарот е стар кабел или стара инсталација? На која точно локација е започнат пожарот и каде работниците започнале да го гаснат сами? Врз основа на кој проект и врз основа на кое мислење за стабилност и сеизмичка заштита е продолжено да се реконструира салата? Кој е раководител за градба и кој е надзор на градба во моментот на опожарување и врз основа на кој документ и кој проект? Каде, кога и од кого е осигурен објектот, за која вредност и за кои случаи на настанување штета?

Универзалната сала пеплосана, многу прашања неодговорени

Градоначалничката на прес-конференцијата уште еднаш ги посочи сите детали од почетокот на реконструкцијата во 2021 година до опожарувањето и одново потсети на небезбедниот проект за кој ИЗЗИС уште во ноември истата година го поништил претходно даденото позитивното мислење.

Арсовска  обвини и за упад во системот за јавни набавки на Биро за јавни набавки. Таа посочи дека во март 2021 година е објавена јавна набавка од претходниот градоначалник Петре Шилегов, во јуни е потпишан договор за јавна набавка со „Универзал Балкан“ со тоа што договорот бил активен до 12 септември 2023 година, а на 18 септември во системот е прикачено известување за реализиран договор, со кое постапката трајно се архивира и се затвора.

По настанатиот пожар и изјавите на министерката за култура дека на објект на Универзална сала се градело за што Градот како сопственик не е известен, секторот за јавни набавки при Град Скопје барајќи ја набавката врз основа на која Министерката случила договор за јавна набавка за реконструкција, увидува дека е направен неовластен упад во профилот на Град Скопје во системот на јавни набавки ЕСЈН и во евидентна книга на Град Скопје од неовластени лица. На завршена јавна набавка и истечен договор трајно затворени и архивирани во 2023 година, некој го злоупотребил системот и на профилот на Град Скопје си додавал документи од 2024 година, кои содржат информации и податоци на Министерството за култура со бизнис-партнерот на министерката „Универзал Балкан“, а спротивно на постапките и законот за јавни набавки – посочи Арсовска.

Костадиновска Стојчевска: Универзална сала ќе продолжи да се гради, објектот е осигуран

Според неа, овој упад претставува поривање на правниот поредок во Македонија и креирање правна несигурност по што која било институција во Република Македонија нема да може да биде сигурна дали некој во системот ЕСЈН на Бирото за јавни набавки може да им ги менува јавните набавки, да им додава документи во системот на јавните набавки без нивно знаење, да им брише документи од системот, да им презема договори што немаат предвидени буџетски средства, и тоа од страна на неовластени правни и физички лица спротивно на законот за Јавните набавки.

Градоначалничката праша по кој член од Законот за јавни набавки, јавна набавка што минатата 2023 година е трајно завршена, реализирана и архивирана, може повторно да се активира како во овој случај во 2024 година, со неовластено пристапување од страна на друга институција во профилот на Град Скопје?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот