Фото: Wikimedia Commons

Зошто експертка апелира луѓето да избегнуваат шунка, сирење или црвено вино на Нова година

Психологот Кетрин Хол, специјализирана за лекување на несоница, сподели дека популарната празнична храна предизвикува немирни ноќи.

Психологот Хол неодамна откри дека популарната празнична храна често предизвикува немирен сон. Таа препорача редовно избегнување на претерано солена, кисела или зачинета храна, особено навечер.

 

– Чадената шунка е полна со сол, затоа избегнувајте ја навечер ако сакате добро да спиете – изјавила Хол за „Дејли мејл“.

Д-р Хол, исто така, вели дека повеќето чоколади исто така треба да се избегнуваат за да имате квалитетен сон.

Кисела храна

Експертката исто така тврди дека тираминот, аминокиселина која ја стимулира природната активност на мозокот, ноќе треба да се избегнува по секоја цена. Храната богата со киселини вклучува домати, модри патлиџани, соја сос, црвено вино и разни видови сирење. Сите овие се популарни празнични јадења. Уживањето во премногу вино и сирење може да го зголеми нивото на анксиозност пред спиење.

Зачинета храна

„За среќа, божиќната храна обично не е многу зачинета“, вели д-р Хол.

Таа открива дека капсаицинот, хемикалија во зачинетата храна, предизвикува киселини во желудникот, пречки во варењето и нагло зголемување на телесната температура, што може да го отежне заспивањето.

Уживањето во празничната храна често може да има несакани последици врз нашиот сон предизвикувајќи несоница и немирен сон. Прилагодувањето на изборот на храна и умереното консумирање празнична храна може да помогне да се спречат потенцијални нарушувања на спиењето.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот