Прва проба за новата претстава во МНТ

Значајно дело на современиот американски театар се поставува во Македонскиот народен театар

Во просториите на Македонскиот народен театар почнаа пробите за театарската претстава „Ангели во Америка“ (дел I) од Тони Кушнер, во режија, превод и кореографија на Филип Петковски. Продуцент е Петар Антевски, сценографијата ќе биде на Мартин Манев, костимограф е Антонија Гугинска-Јорданоска, а асистент на режисерот е Антонија Белазелковска.

Претставата се реализира како копродукциски проект меѓу Македонскиот народен театар и Здружението за афирмација на театарската уметност „Пресврт“ – Скопје.

Процесот на работа на претставата ќе се одвива во текот на април и мај 2025 година, а нејзината премиера се очекува на крајот на мај. Во претставата играат актерите Јордан Симонов, Тања Кочовска, Наталија Теодосиева, Дамјан Цветановски, Стефан Спасов, Александар Стоименовски, Илин Јовановски и Нела Павловска.

„Ангели во Америка“ е едно од најзначајните драмски дела на современиот американски театар, кое низ два дела ги прикажува животот, политиката и идентитетот во САД во 1980-тите, во времето на СИДА-кризата и на конзервативниот политички подем. Преводот, адаптацијата и сценската поставка се очекува да понудат современо и релевантно читање на ова моќно дело во македонски контекст.

Со оваа продукција, МНТ и „Пресврт“ ја продолжуваат својата мисија за донесување актуелни, предизвикувачки и уметнички силни проекти на македонската сцена, известија од МНТ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот