
Злоупотреба на постапка за доделување договор за превоз на ученици во Куманово – Организирале превоз, а немало настава
СВР Куманово поднел кривична пријава против В.Т. – поранешна директорка на средното училиште „Киро Бурназ“ од Куманиво, осомничена за кривично дело „злоупотреба на службената положаба и овластување“, против правно лице од Куманово за превоз на патници и сопственикот Д.П. од Куманово поради сомнеж за кривични дела „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство“ и „фалсификување или уништување деловни книги“, против В.Д., Д.Б., В.В., Ј.В., Д.Т. и Н.К., сите од Скопје, вработени во Министерството за образование и наука осомничени за кривично дело „злоупотреба на службена положба“, и против правно лице за книговодствени услуги и Б.С. – управителка на правното лице осомничена за „фалсификување или уништување деловни книги“.
Препорачано
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, првопријавената В.Т., во текот на учебните години 2022/2023 и 2023/2024 година, додека траела реконструкцијата на училиштето и не се изведувала настава со физичко присуство на ученици, во два наврата спровела отворени постапки за доделување договор за јавна набавка на услуга – превоз на ученици. Во постапките било избрано пријавеното превозно претпријатие од Куманово, застапувано од пријавениот Д.П. од Кумнаово, како единствен понудувач и носител на набавката.
-Д.П., потоа заедно со пријавената В.Т. изготвиле лажни записници за квалитетно и навремено извршена услуга, кои ги потпишале двајцата, па врз основа на лажните записници Д.П. изготвил лажни фактури во кои биле внесени невистинити податоци и како такви биле доставени до Министерството за образование и наука. Доставените фактури биле одобрени и исплатени од четвртопријавената В.Д., петтoпријавената Д.Б, шестопријавената В.В., седмопријавената Ј.В., осмопријавената Д.Т. и деветтопријавената Н.К.. и покрај тоа што знаеле дека училиштето се реконструира и наставата се одвива без физичко присуство на ученици и наставници – соопшти МВР.
Пријавената С.Б. – управител на правното лице за книговодствени услуги од Куманово, пак, иако знаела дека изготвените фактури се со невистинита содржина и не се поткрепени со никаква друга задолжителна придружна документација предвидена со закон, „сепак ги книжела во финансиските книги на правното лице за превоз на патници“.
-На тој начин, сите пријавени им овозможиле на пријавениот Д.П. и правно лице за превоз на патници од Куманово да се стекнат со противправна имотна корист во вкупен износ од 32.620.123 денари на штета на буџетот на Република Северна Македонија – соопшти денеска МВР.