Насер Зибери / Фото: "Слободен Печат" / Драган Митрески

Зибери поради пензионирање порано си заминува од функцијата народен правобранител

Собранието денеска го констатираше престанокот на функцијата на народниот правобранител Насер Зибери, поради исполнување на условите за старосна пензија. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на почетокот на 60. пленарна седница информираше дека мандатот на Зибери завршил на 12 јули 2025 година согласно член 9 од Законот за народниот правобранител.

Мандатот на оваа функција трае осум години, а Зибери ја извршуваше должноста од 2021 година и неговиот мандат формално требаше да трае до 2029 година.

Во процедурално обраќање, пратеникот на Левица, Борислав Крмов, повторно побара едночасовна пауза поради, како што наведе, нецелосно исполнување на барањето на пратеничката Јована Мојсоска за добивање комплетни податоци за патните трошоци на сите пратеници.

Крмов нагласи дека доставениот одговор содржел само информации за околу дваесетина пратеници, главно од опозицијата, и побара транспарентност за сите.

– Не може барањето за јавни податоци да се толкува како нарушување на достоинството. Напротив, вистинско нарушување е безобразното трошење милионски суми за патни трошоци, изјави Крмов.

Претседателот Гаши му одговори дека целосните информации ќе бидат доставени, при што ја одобри едночасовната пауза. Седницата ќе продолжи по нејзиното завршување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот