Жизел Пелико/Фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Жизел Пелико се враќа на суд – еден од силувачите поднесе жалба на пресудата

Французинката Жизел Пелико, која минатата година стана симбол на храброст и глас против сексуалното насилство, повторно ќе се соочи со судот. Еден од 51-те осудени за нејзиното силување, Хусаметин Доган, поднесе жалба на пресудата, со што повторно се отвора случајот што ја шокираше Франција и светот.

Жизел се појави како анонимна жртва во септември 2024, но за кратко време стана феминистичка икона откако храбро сведочеше во најголемото судење за силување во француската историја. Нејзиниот сопруг, Доминик Пеликот, повеќе од една деценија ја дрогирал и ѝ овозможувал на десетици мажи да ја силуваат, снимајќи ги нападите и споделувајќи ги снимките онлајн, пишува Би-би-си.

Најстроги казни за силувачите на Жизел Пелико, правда за сите жени во Франција

Овојпат, процесот ќе се одржи во Ним, каде што 44-годишниот Доган, единствениот кој ја оспорува својата казна, бара ново разгледување на доказите. Тој беше осуден на девет години затвор, но сè уште не ја започнал казната поради наводни здравствени проблеми. Иако не мораше да присуствува, Жизел одлучи да биде во судницата, убедена дека мора да ја доведе правдата до крај.

За разлика од првото судење, ова ќе го решава порота од девет граѓани, што, според експертите, може да биде ризично за обвинетиот. Француската судијка Магали Лафуркад вели дека општеството денес има „подлабоко разбирање за согласноста и силувањето“, па Доган би можел да се соочи со уште построга осуда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот