Фото: Принтскрин / Инстаграм

Животна приказна: На 100 години ѝ бил дијагностициран рак на дојка, на 101 година е сосема здрава

Лејн Хорвич, шармантна 101-годишна жена од Илиноис, Америка стана вистинска инспирација откако ѝ бил дијагностициран рак на дојка на 100-годишна возраст – само два месеци откако го прослави својот голем роденден.

Но, и покрај сè, Лејн одлучила да го прифати предизвикот и да се подложи на операција. Денес, на 101 година, таа гордо ја носи титулата – здрава.

Нејзината приказна за борбата и победата над болеста, која ја сподели со медицинската група „Ендејвор хелт“ ги освои социјалните мрежи. Лејн избра лумпектомија – операција за отстранување на тумор од дојката – бидејќи за неа тоа била „најпрактичната и најдобрата опција“ што ѝ овозможува да продолжи да живее активен и независен живот.

„За мене, на мои години, дијагнозата на рак на дојка беше нешто со кое можев да се справам. Знам дека не е исто за 30-годишна жена која има рак и може да има последици што го менуваат животот, но на мои години, срцев удар или мозочен удар може да ме остави парализирана. Затоа решив да го послушам моето срце – и лекарите“, рекла Лејн.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Endeavor Health (@endeavorhlth)


Нејзината докторка, д-р Кетрин Пес од болницата Хајленд Парк, била импресионирана од храброста на Лејн.

„Сите во ординацијата беа воодушевени од нејзиниот дух и закрепнување“, рекла д-р Пес.

Лејн открила дека тајната лежи во тоа да се остане активна: „Читам, играм карти и секогаш правам нешто. Редовно играв тенис до моите 92 години! Се обидувам да направам сè што можам за да останам активна и здрава.“

Лејн, исто така, им кажува на жените да не го игнорираат она што ги мачи: „Побарајте стручна помош и работете на она што ве мачи. Имав среќа да ја пронајдам д-р Пес и одличен тим.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот