Жерар Пике: За подмитување судија – сретнете го на тајна локација и дајте му плик со пари

фото: EPA-EFE/MARTA PEREZ

Голем скандал ги тресе Барселона и шпанскиот фудбал, каталонскиот гигант последните денови е во центарот на вниманието на јавноста поради обвинувањата дека подмитувале судии. Поранешниот ас на Каталонците, Жерар Пике проговори и за „случајот Негреира“ поради кој Барселона се најде на столбот на срамот.

Да потсетиме, обвинителството во Барселона поднесе обвинение против поранешните претседатели на клубот, Жозеп Бартомеу и Сандро Росел. Тие се обвинети дека во периодот од 2001 до 2018 година му платиле вкупно 8,4 милиони евра на Хозе Марија Енрике Негреира, поранешниот потпретседател на судиската комисија и неговата компанија. Тој, пак, наводно делегирал судии на натпреварите на Барселона за кои гарантирал дека ќе судат во корист на познатиот клуб.

Своето мислење за сето ова јавно го кажа и поранешниот дефанзивец на Барселона, Жерар Пике, кој тврди дека неговиот клуб не плаќал судии, и откри како всушност се поткупуваат арбитрите.

– Никогаш во животот не сум го сретнал господинот Негреира, ниту неговиот син. Подготвен сум да се заколнам пред судот, или пред кој сакате, дека Барселона не ги подмитувала судиите. Ако сакате да подмитете судија, многу е едноставно – контактирајте го, сретнете го на тајна локација и дајте му плик со пари. Зар не е полесно отколку наводно да поминете преку потпретседателот на судската комисија? – се зборовите на Пике.

ФОТО+ВИДЕО | Навивачите на Атлетик ја „испратија“ Барса во втора лига и фрлаа лажни банкноти

Пике истакнува дека многумина ја користат приликата да го оцрнат и да го намалат успехот на најуспешниот тим во историјата.

– Без разлика каков хаос се обидуваат да направат, никој никогаш нема да може да го оцрни нашиот најдобар тим во историјата, кој направи неизмерен успех. Сега сите се обидуваат гневот на навивачите на другите клубови да го насочат кон Барселона. Ние играчите ги запознаваме судиите во Шпанија со текот на времето и знаеме какви се. Но, тренерите кои штотуку доаѓаат во клубот не ги познаваат, затоа клубовите плаќаат судиски советници – вели Пике.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот