пари ,плата ,мито ,евра- Фото Слободен печат-Методи Здравев

Жена од Кочанско пет години се надевала дека измамник „ќе ѝ среди за пензија“ за 4.000 евра

Измамник од Кочанско „олеснил“ жена за 4.000 евра, лажејќи ја дека преку „пријатели од Скопје“ ќе ѝ среди да зема пензија, соопшти полицијата.

„На 17.09.2025 во 10:00 часот во Полициската станица Кочани, 61-годишна жена од кочанско пријави дека била измамена од П.Г.(59) од кочанско за сума од 4.000 евра. Според пријавеното, во октомври 2020 година лицето ѝ ветило дека може со пријатели од Скопје да направи таа да земе пензија. Како што е пријавено, од тогаш до декември 2023 таа подготвила документација и во декември 2023 му ги дала парите. Како што е пријавено, откако ги дала парите до декември 2024 година имале повремени контакти, по што престанал да одговара на нејзините повици и се посомневала дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полициското соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот