Жена му дала уникатно име на своето бебе, сестра ѝ се шегува дека името звучи како бактерија

бебе
Фото: Pexels / Antoni Shkraba

Секоја принова во семејството претставува голема среќа за родителите, а изборот на името на новороденчето е „слатка мака“ за мајката и таткото.

Обидувајќи се да ги избегнат традиционалните имиња, кои често се повторуваат, многу млади парови сакаат да ги именуваат децата на некој оригинален и невообичаен начин.

Таков бил случајот и на еден брачен пар, Сем и Ела, кои решиле да ја крстат својата ќерка Семнела, име кое е кованица од нивните имиња, пишува британски „Мирор“.

Сестрата на Ела го споделила ова на познатата веб-страница за дискусии „Редит“, каде раскажала дека сите ѝ замериле бидејќи се пошегувала за името на новороденчето. Според неа, името Семнела многу потсетува на бактеријата Салмонела.

„Јас имам помлада сестра, која се вика Ела. Таа се омажи за Сем минатата година, со мала свадбена прослава. Ние знаевме дека тие веднаш ќе се обидат да добијат дете, па минатата недела се случи забавата за доаѓањето на бебето. Јас знаев дека таа ќе го сподели полот и името (на бебето). Но, бидејќи мајката на Сем организираше сѐ, за мене беше изненадување.

Таа откри дека очекува девојче, па сите се израдувавме. Кога дојде редот за споделување на името, Ела извади бебешка облека, на која пишуваше ‘Семнела’.

Имаше неколку реакции, па следуваше мртва тишина. Јас само се насмеав, мислејќи дека е шега. Потоа реков: ‘Салмонела, како бактеријата?’.

Мајка му на Сем се вознемири и рече дека името е убаво, Ела почна да ми се дере дека сум уништила сѐ и дека името го претставувало нивното единство. Мајка ми ми рече дека сум требала да си ја држам устата затворена.

Нема да лажам, јас си заминав после тоа. Ми кажаа дека забавата продолжила, но дека расположението било поинакво“, раскажува жената.

Според неа, луѓето се премногу фини за да ѝ ја кажат вистината на сестра ѝ, односно дека името на бебето не е добро.

„Мислам дека не требаше да се насмеам, но како луѓето на забавата го слушнаа името ‘Семнела’ и си помислија ‘да, тоа е слатко’? Сестра ми вели дека на сите им се допаднало името, но јас сметам дека тие се само фини со неа“, додава таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот