Железничкиот сообраќај од седум часот утрово е во прекин

Македонски железници/ Фото: МИА

Железничкиот сообраќај во земјава од седум часот утрово е во прекин. Причина за бојкотот на работата е неисплатениот надомест за материјални трошоци што машинскиот и извршниот персонал на „Железници транспорт” требал да го добие заклучно со вчера.

Како што вели претставникот на машинскиот персонал, Душко Чакаровски, утрово, пред седум часот, сообраќале само две лини, за Битола и за Гевгелија, по што сообраќајот е во целосен прекин.

Чакаровски објаснува дека бојкотот е согласно Одлуката од ноември лани која предвидува најдоцна до 25 во месецот на машинскиот и извршниот персонал да им биде во целост исплатена платата за претходниот месец, а најдоцна до 10-ти во месецот да ги добијат и материјалните трошоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот