Жбогар: Усвојувањето на реформските закони треба да го зајакне владеењето на правото

Го поздравувам усвојувањето на повеќе реформски закони, вклучително и Законот за јавно обвинителство. Нивната имплементација треба да го зајакне владеењето на правото и ќе овозможат подобра професионализација и ефикасност на судството за доброто на граѓаните на Северна Македонија, објави денеска евроамбасадорот во земјава Самуел Жбогар во пишана изјава.

Евроамбасадорот, во пишаната изјава, наведува дека поздравува фактот што Собранието пред да се распушти поради закажаните избори на 12 април, ги донесе и Законот за Советот за јавни обвинители и Законот за управување со движењето на предметите во судовите.

Овие закони, заедно со Законот за лицата без регулиран граѓански статус, и Изборниот законик, кореспондираат со препораките на Извештајот на ЕУ за земјава и ја потврдуваат заложбата на Северна Македонија да продолжи по патот на интеграцијата во Европската Унија, наведува Жбогар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот