Зголемен бројот на реализирани летови од аеродромите во Охрид и Скопје во првите два месеци од оваа година

Меѓународен аеродром Скопје. / Фото: Слободен печат

Бројот на патници услужени на двата меѓународни аеродроми во земјава достигна 432.678 во првите два месеци од годината, што е за 39,5 насто повеќе во споредба со истиот период од минатата година, соопшти АДП.

Само во февруари бројот на патници достигнал 189.434, што е за 30,8 отсто повеќе од февруари 2023 година.

Остварениот сообраќај на аеродромите во Охрид и Скопје за првите два месеци годинава достигна 3.521 летови, што е за 34,5 проценти повеќе споредбено со истиот период лани. Само во февруари на двата аеродрома се реализирани 1.590 летови или 30,1 проценти повеќе отколку во февруари минатата година.

Инаку, компанијата „АДП“ поседува 46 проценти од акциите на компанијата „ТАВ аеродроми“, турскиот концерн што стопанисува со аеродромите во Скопје и Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот