Зголемен бројот на работниците во индустријата

Бројот на работниците во индустријата во февруари годинава, во однос на февруари лани, е зголемен за 1.5 проценти. Во периодот јануари – февруари, пак, спордено со првите два месеца од 2023, нивниот број е поголем за 2,0 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2024 година, во однос на февруари 2023 година, бележи пораст од 5.8 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 1.2 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0.7 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во февруари 2024 година, во однос на февруари 2023 година, бележи пораст кај Енергија за 4.4 %, Капитални производи за 14.7 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 6.0 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6.8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.4 %.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот