Зеленски со предлог-закон за „повеќекратно државјанство“

Володимир Зеленски / Фото EPA-EFE/TOMS KALNINS

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска објави дека поднесува нацрт-закон со кој на украинските граѓани им се овозможува „повеќекратно државјанство“, односно можност Украинците или нивните потомци во светот да можат да бараат и украинско државјанство покрај она што веќе го поседуваат.

-Ова ќе им овозможи на сите етнички Украинци и нивните потомци од целиот свет да имаат наше државјанство. Се разбира, освен граѓаните на земјата на агресорот. Сите оние кои беа принудени да ја напуштат својата татковина за време на разни емиграциски бранови и завршија во Европа, САД, Канада, земјите од Азија и Латинска Америка, рече Зеленски.

Тој посочи дека таков закон ќе важи и за оние кои доброволно се борат на страната на Украина во војната против Русија.

-Сите оние кои ни помагаат и покрај тоа што се стотици и илјадници километри оддалечени од својата татковина. Странски доброволци кои кренаа оружје за да ја одбранат Украина, сите оние кои се борат за слободата на Украина како да е нивна татковина. Украина ќе стане тоа за нив, рече Зеленски во видеото што го објави на неговиот профил на „Х“ по повод Денот на единството на Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот