Русија Украина напади фото: Епа

Зеленски: Руските залихи на бензин можеби се намалиле за една петтина поради украинските напади

Нападите на Украина со долг дострел врз руските енергетски постројки можеби го намалија снабдувањето со бензин на Русија за околу една петтина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, додека двете страни ги засилуваат нападите врз енергетската инфраструктура на другата страна, пренесува Ројтерс.

Со дипломатските напори за завршување на војната кои во голема мера се во застој и малиот напредок постигнат по линиите на фронтот, руските сили се фокусираа на попречување на производството на гас во Украина, додека Украина ги таргетираше руските рафинерии за нафта.

Според наводите на  Ројтерс украинските напади го намалиле руското рафинирање на нафта за речиси една петтина во одредени денови.

„Ова останува да се потврди, но веруваме дека тие изгубиле до 20 проценти од своите залихи на бензин – директно како резултат на нашите напади“, изјави Зеленски пред новинарите во четврток.

Володимир Зеленски EPA-EFE/STRINGER

Кремљ соопшти дека домашниот пазар на гориво во Русија е целосно снабден.

Зеленски рече дека украинските сили користеле ракети „нептун“ и „фламинго“ произведени во последните напади, дел од напорите на Украина да ја прошири својата домашна индустрија за оружје.

Украинскиот претседател, исто така, рече дека руските сили извршиле 1.550 напади врз енергетски цели во Чернигов, Суми и Полтава во септември, но погодиле само 160 цели.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот