Запорожје / Фото Andrey BORODULIN / AFP / Profimedia

Зеленски: Критична ситуација во нуклеарната централа Запорожје

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, предупреди дека ситуацијата е критична поради прекинот на снабдувањето со електрична енергија на нуклеарната централа Запорожје.

-Седми ден во североисточниот дел на Запорожје има вонредна состојба, критична ситуација. Поради руското гранатирање, електраната е исклучена од електричната мрежа – изјави Зеленски, пренесуваат украинските медиуми.

Тој додаде дека според информациите што ги добиле, веќе еден од генераторите откажал. Според него, руските сили го гранатираат подрачјето околу североисточен Запорожје за да спречат поправки на електричните далноводи.

Зеленски нагласи дека затворањето на нуклеарната централа Запорожје ги загрозува сите и потврди дека имал состанок со украинската армија и претставници на украинското Министерство за енергетика во врска со критичната ситуација во североисточен Запорожје и дека ѝ наложил на владата да го привлече вниманието на светот кон оваа ситуација.

Нуклеарната централа Запорожје, која е под контрола на руските сили, не е поврзана со украинскиот електроенергетски систем веќе седум дена, што претставува ризик за нуклеарната и радијационата безбедност, а на 23 септември беше исклучен и последниот надворешен далновод на нуклеарната централа Запорожје.

Во „Запорожје“ со денови нема струја, има предупредувања за ризик од „нов Чернобил“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот