Здружението Л214 ги осуди условите за одгледување пилиња што се дистрибуираат од Лидл

epa08464946 A costumer arrives on board a car at a supermarket chain Lidl's supermarket in Madrid, Spain, 04 June 2020. The Lidl workers called a one-day national strike to improve their working conditions and protest for their working situation and crisis caused by COVID-19. EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

Здружението Л214 ја презеде оваа акција, по една година  на „неплодни дискусии со Лидл”.

 Активисти на Здружението за одбрана на животните Л214 од Лион, но и од цела Франција, денеска демонстрираа против условите за одгледување пилиња што се нудат на продажба од продавниците на Лидл, јави дописникот на МИА.

За оваа нова кампања за покревање на свеста за страдањето од животните активистите од Л214 се собраа пред една од продавниците на синџирот Лидл во Лион, опремени со паноа што ги прикажуваат условите во кои се одгледуваат пилињата, како и  и летоци што се пародија на рекламите на Лидл. Со нив тие ги повика минувачите да потпишат петиција во која се бара од Лидл да одбие да дистрибуира пилиња одгледувани под вакви услови. Слични собири имаше и на други места во Франција.

„Целта на оваа мобилизација е Лидл да се обврзе и да им го сврти грбот на најлошите практики на одгледување пилиња и да гарантира дека дел од одгледувањето ќе биде на отворено за неговите продажби”, соопшти здружението.

Л214 обвинува дека заложбата на Лидл не е доволна околу прашањата покренати од нив (густината на фармата, брзиот раст на пилињата) и прашањето за одгледување надвор на слобода. Цврста и недвосмислена обврска која е веќе донесена од десетици компании, меѓу кои и Карфур, Интермарше, Нето, Кора, Ошан и Систем У.

Л214, исто така, најави дека на интернет ќе постави видео со наслов „Ало газда” со кое ќе ја исмее  познатата реклама на дистрибутерот Лидл, земајќи го делот : „ние сме лошо газда”, и прикажувајќи слики од пилиња во страдање, со цел да ја принудат компанијата да се откаже од овој вид на интензивно одгледување. Здружението стана познато во Франција преку ширење на шокантни видеа снимени во центри за одгледување животни или колење, особено во регионот Оверњ-Рона-Алпи.

Здружението Л214 ја презеде оваа акција, по една година  на „неплодни дискусии со Лидл”. Во рамките на меѓународните обврски наречени Европска посветеност на пилињата, (иницијатива предводена од триесет невладини организации во Европа) Лидл оцени дека намалувањето на густината за одгледување и крајот на употребата на видови на животни што растат брзо ќе биде „тешко да се достигне, па дури тие цели се недостижни до 2026 година”, додека според Л214, за овие обврски не е потребна материјална инвестиција и тие би можеле веднаш да се применат.  

Во Франција секоја година се одгледуваат и колат 800 милиони пилиња, а 83 отсто од нив доаѓаат од стандардни фарми. Во интензивните фарми, како оние од кои се снабдува Лидл, пилињата се затворени со десетици илјади, со повеќе од 20 пилиња на метар квадратен, без пристап до отворено, без природна светлина и без можност да ги рашират крилјата. Според Л214, во нивното легло, прашината и изметот се собираат, односно амонијак и ЦО2 предизвикуваат сериозни здравствени проблеми со изгореници на кожата и нозете на пилињата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот