Здружената албанска опозиција бара место во ДИК

Државна изборна комисија - табла / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Здружената Албанската опозиција на политичките партии Беса, Алтернатива и Демократско движење го повика претседателот на Собранието и сите пратеници од мнозонството на утрешната 129-та собраниска седница да го разгледаат и исполнат нивното барање за место во Државната изборна комисија.

Нашето барање е ставено како 15-та точка на дневниот ред. Затоа го повикуваме председателот на Собранието, г. Талат Џафери, но и сите пратеници од мнозонството, ако сакаат да докажат дека не работат за да ги изманипулираат изборните процеси, и дека се залагаат за фер и демократски избори и се навистина ангажирани за спроведување на европските вредности, тогаш заедно да го разгледаат предлогот на албанската опозиција и да го исполнат овој уставен услов – се наведува во соопштението.

Тие додаваат дека неодамна информирале и за обидот на министерот за надворешни работи Бујар Османи, да ја злоупотреби функцијата председавач со ОБСЕ и да влијае на одлуката за бројот на набљудувачи на изборниот процес.

Исто така, како албанска опозиција, пред неколку дена, ги напоменавме представниците на власта, и ги информиравме и граѓаните, за сите информации што ги имаме во врска со обидите на власта да ги манипулира изборите. Меѓу овие информации го спомнавме и обидот на министерот за надворешни работи Бујар Османи, за злоупотреба на положбата како председавач со ОБСЕ за да влијае на одлуката за бројот на набљудувачи на изборниот процес. Но, уште еднаш ќе повториме дека албанската опозиција има сериозен план за да се справи со секаква можна манипулација од страна на власта. Обединетата албанска опозиција има легитимитет да побара правно застапување во изборните органи – се наведува во соопштението.

Според нив, секој обид на власта да ја земе под целосна контрола Државната Изборна Комисија, со цел манипулација на изборите, ќе биде тешко прекршување на Уставот и демократијата и додаваат дека ќе го повреди евроинтеграцискиот пат на земјата.

Беса номинира, Алијанса не се откажува од столчето во ДИК

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот