Заврши гласањето во Турција – официјално немало „негативни ситуации“, опозицијата очекува рекордна излезност

Фото: ERDEM SAHIN/EPA-EFE

Претседателот на Врховната изборна комисија на Турција (ЈСК) Ахмет Јенер попладнево изјави дека изборниот процес во земјата е завршен и оти досега не е забележана ниту една „негативна ситуација“, пренесува агенцијата Анадолија.

– Изборниот процес за претседателските и парламентарните избори е завршен. Не евидентиравме никаква негативна ситуација, изјави Јенер по затворањето на гласачките места на претседателските и парламентарните избори.

Сепак, тој рече дека во текот на изборниот процес еден набљудувач и двајца гласачи починале како последица на инфаркт и изрази сочувство до семејствата на починатите.

Јенер изрази благодарност до сите политички партии кои придонесоа за изборите, набљудувачите, претставниците на медиумите и сите други кои придонесоа за изборниот процес.

Главната партија-ривал на актуелниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган, ЦХП, очекува рекордна излезност на парламентарните и претседателски избори во земјата, изјави Џанан Кафтанџоглу од партијата.

Според анкетите, се очекува тесна трка меѓу Ердоган и претседателскиот кандидат на опозициската коалиција предводена од ЦХП, Кемал Киличдароглу.

Првите веродостојни резултати се очекуваат подоцна во вечерните часови.

На последните парламентарни и претседателски избори во 2018 година, кога Ердоган победи со освоени 52,6 отсто од гласовите, официјално гласаа 86,2 отсто од граѓаните запишани во избирачкиот список. Во парламентот, партијата на Ердоган АКП освои мнозинство со помош на нејзиниот ултранационалистички партнер, МХП.

„Опозицијата соработува со Бајден за да ме соборат“, вели Ердоган на последниот ден од кампањата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот