Затворен угостителски објект во Дебар, приведен сопственикот

Еден угостителски објект во Дебар е затворен со пломба, а сопственикот лишен од слобода откако во контрола што била извршена синоќа било констатирано дека не се почитувале одлуките за превентивни препораки, времени мерки и протоколи за постапување и заштита на населението од заразната болест ковид-19.

– На 15.5.2021 во периодот од 22.00 до 24.00 часот, од страна на полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи и Полициска станица Дебар, во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат Струга извршена е контрола во угостителски објекти во Дебар. При контролата е констатирано дека во угостителски објект лоциран на ул. „8 Септември”, сопственост на К.Р. (23) од Дебар, не биле почитувани одлуките за превентивни препораки, времени мерки и протоколи за постапување и заштита на населението од заразната болест ковид-19, информираат денеска од МВР.

Оттаму додаваат дека за случајот е запознат јавен обвинител од ОЈО Дебар и по неговото документирање ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот