Возило на брза помош / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Затворен ресторан во Куманово поради труење со храна- шестмина пројавиле симптоми, од нив двајца се во болница

Од Центарот за јавно здравје Куманово денеска соопштија дека во текот на вчерашниот ден била пријавена епидемија на труење со храна кај шестмина кои на 11 септември присуствувале на семинар-обука во кумановски ресторан.

Од вкупно 36 учесници на семинарот, шест лица развиле симптоми на труење со храна – повраќање, дијареја, треска, температура до 41 степен, болки и грчеви во стомак. Двајца од нив се хоспитализирани, тројца се на дневна болница, а еден е на домашно лекување.

„Вчера, Одделение за епидемиологија при ЦЈЗ Куманово пријави епидемија на „алиментарна токсоинфекција“ за шест пријавени – заболени со знаци на труење со храна од вкупно 36 експонирани лица. Се работи за учесници на семинар-обука организирана од една фирма во еден ресторан во Куманово.

По консумирање на храната во надворешниот простор на гостилницата во вечерните часови на 11-ти септември годинава, заболените симптомите на труење со храна ги развивале по четири, па сè до 16 часа со обилни повраќања, зачестени водникави столици на секои 10,15 или 20 минути, малаксаност, температура до 41 степен, треска, болки и грчеви во стомак, главоболка“, соопштија од Центарот.

Епидемиолог на ЦЈЗ Куманово и подрачните единици Куманово на ДСЗИ и АХВ на 15-септември, по добивање на првите пријави за заболени со знаци на труење со храна направиле координиран надзор во гостилницата и зеле брисови и мостри храна за микробиолошко испитување.

Од ЦЈЗ Куманово соопштија дека објектот е затворен до добивање на негативни резултати на испитуваните материјали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот