Младоженец застрелан при пукање на свадба во Турција

Додека младенците се враќале дома по церемонијата, младоженецот, 23-годишниот Али К., бил ранет од истрели наводно испукани од роднина, жена, на неговата сопруга, пренесе „Гардијан“ повикувајќи се на државната агенција Анадолу.

Жената е приведена, а во нејзината градина се пронајдени две нерегистрирани оружја, соопшти агенцијата.

Обвинителите отворија истрага за инцидентот, кој се случил во градот Шебинкарахисар во покраината Гиресун. Пукањата на свадби се вообичаени во северна Турција. Минатата недела, еден маж беше убиен, а две лица беа повредени на свадба во североисточната покраина Трабзон.

Свадбата беше откажана, а две лица, меѓу кои и еден полицаец, беа приведени во врска со инцидентот, објавија локалните медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот