Застарувања на предметите „Таргет-Тврдина, „Змиско око“, „Топлик“… најматни настани во октомври

Сашо Мијалков
Сашо Мијалков / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Како дел од проектот „Бистро-матно“ за редовни месечни и годишни анкети за корупција, „Транспаренси интернешнл-Македонија“, ги објави настаните кои беа актуелни во октомври.

Како дел од „матните“ настани во месец октомври е запирање на кривичната постапка за случајот за „Таргет-Тврдина“ со што Сашо Мијалков „куртули“,  застарување на делото на Антонио Милошоски за злоупотреба на службената положба, застарување на предметот „Топлик“, со истата „судбина“ се соочи и предметот „Змиско око“ во кои 46 вработени во „Македонија пат“ беа обвинети за злуопотреба на положбата и за злосторничко здружување, односно дека на патарините не им издавале фискални сметки на возачите, а парите ги ставале во џеб, па си ги делеле, при што заработиле неколку милиони евра.

„Измените во Кривичниот законик му донесоа олеснителни околности и на Мухамед Зеќири – На судењето одржано на 24.10.2023 година обвинителството направи промени во предметот според донесените измени, па наместо претходно законски утврдената казна од најмалку пет години затвор, сега Зекири може да биде осуден на затвор од една до пет години. Застарува и делото „злоупотреба“ за Јанакиески во предметот „Талир“ – „Застарување ќе има и во предметот „Талир“ кој е поврзан со финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ. Обвинителката Ленче Ристовска денеска предложи, а судијата ќе донесе одлука на наредното рочиште за застарување на делото „злоупотреба на службената положба“ за екс министерот Миле Јанакиески.“

Од Транспаренси ги потенцираат и реакциите и на медиумите од државите членки на ЕУ за измените на Кривичниот законик.

„По скандалот на Клиниката за Онкологија и измените на Кривичниот закон, германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг констатира дека владината корупција се прикрива зад знамето на ЕУ“.

Исто така во „матните“ настани за октомври е и укажување на холандскиот амбасадор Коп на проблемот со корупцијата.

„Што правите вие освен што трупате изговори?! Зошто не ги исполнивте реформите пред 15 години?! – холандскиот амбасадор за ЕУ членството на Македонија – Изговори наместо реформи, корупција, непотизам. Европската унија чека на Македонија, а не обратно“, ова е пораката која ја испрати холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп.

Во врска со четвртиот настан, ГРЕКО ја посочи недоволната  усогласеност со препораките за борба против корупцијата.

„ГРЕКО: Македонија не е доволно усогласена со препораките за борба против корупцијата – Групата на држави против корупција заклучи дека Македонија е „во недоволна усогласеност“ со препораките содржани во Извештајот од петтиот круг на евалуација во борбата против корупцијата.“

Во делот на бистрите настани за октомври е случајот „Синџир“ во кој се приведени 20 осомничени за затајување данок и перење пари во злосторничко здружување од 26 сопственици и управители на 28 фирми,  и зголемениот број на пријави за обид за поткуп на службени лица.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот