Заштеда или кредит – Македонците преферираат сопствен покрив над главата

Станови за продажба / Фото „Слободен печат“- Драган Митрески

Просечно, во еден стан живеат 3,4 лица, а комоцијата е солидна – просечниот број соби по стан е 3,7. Македонците се шират во просечна станбена површина по лице од триесетина квадрати

Македонците преферираат сопствен покрив над главата, а за нив најдобрата инвестиција се бетонот и тулите. Податоците од Пописот 2021 покажуваат дека дури 96,1 отсто од нашите сограѓани имаат сопствен стан, додека само 1,2 отсто од домаќинствата се кираџии!

Според статусот во земјава има вкупно 531.987 населени и дури 307.187 празни станови. Просечно, во еден стан живеат 3,45 лица, а комоцијата е солидна – просечниот број соби по стан е 3,7. Македонците се шират во просечна станбена површина по лице од триесетина квадрати. Иако се смета дека купувањето сопствен стан е недостижен сон за многумина, нашите граѓани не се откажуваат од него. Со заштеда, помош од родителите и главно со кредити, влегуваат во оваа инвестиција со „отворени очи“.

Така, според анализата на порталот Пари, лани станбените кредити биле на второто место по бројност кај банките – 1,36 милијарди евра. Станбените кредити во декември лани, а во однос на ноември 2023 година забележале раст од 1,4, додека на годишно ниво (во однос на декември 2022) растот бил дури 10,5 отсто.

– Кредитите што се користат за финансирање на купување недвижен имот се еден вид позитивна „принуда“ за штедење. Стравот дека банката може да го заплени новооткупениот или изграден недвижен имот е голем мотив за луѓето да „заштедат“ доволно пари за да можат да го вратат кредитот. Сопствениците на недвижности мора да плаќаат на својата банка месечна рата секој месец. Затоа се подготвени да се жртвуваат, затоа повеќе внимаваат на трошоците – пишува во една неодамнешна анализа на Дојче Веле.

За разлика од нас, секој деветти Србин живее како потстанар, иако најголемиот број станови во Србија се во приватна сопственост, поточно има 3.536.885 станови, што е 97,9 отсто од вкупниот број станови наведени во Пописот од 2022 година. Според статистичките податоци, околу 12,4 отсто од становите во Србија се населени од станари, станари или роднини на сопственикот.

Да имате стан или куќа регистрирана на ваше име во Хрватска е „задолжително“ – речиси 90 отсто од Хрватите живеат во сопствени станови. Високиот процент на сопственост во Хрватска е само делумно последица на купувањето социјални станови наследени од социјализмот. Сепак, Хрватска е европски рекордер за возраст до која младите живеат со своите родители – семејното гнездо го напуштаат дури на 32 години. Од друга страна, Швеѓаните стануваат независни веќе на 18 и пол години. Европскиот просек е 26. Интересно е што во сите европски земји девојчињата се вселуваат во своите домови порано од момчињата.

Од друга страна, помалку од половина од германските граѓани живеат во сопствен имот. Тоа е најниската квота во Европската Унија – никаде нема помалку сопственици на куќи и станови од Германија. Судејќи според анкетите на јавното мислење, околу три четвртини од станарите, односно станарите на недвижности, би сакале да живеат во своја куќа, во свој стан, пишува ДВ, пренесува Блиц. Според податоците на агенцијата за недвижности Зилоу, просечниот млад Американец кој започнува самостоен живот, живее во изнајмен стан шест години пред да го купи својот прв стан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот