Зариф до Трамп: Таргетирање културни локалитети е воено злосторство

Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Техеран дека Вашингтон ќе „удри на 52 локации во Иран многу брзо и многу силно” доколку Исламската Република нападне американски персонал или цели.

Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, го предупреди денеска американскиот претседател Доналд Трамп дека таргетирањето ирански културни места ќе биде воено злосторство.

„После сериозното кршење на меѓународното право во петокот со атентат врз иранскиот генерал Касим Сулејмани во Ирак, господинот Трамп се заканува дека повторно ќе го прекрши меѓународното право”, напиша иранскиот шеф на дипломатијата на Твитер.

Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Техеран дека Вашингтон ќе „удри на 52 локации во Иран многу брзо и многу силно” доколку Исламската Република нападне американски персонал или цели.

Некои од тие локации се „многу важни за Иран и иранската култура”, објави Трамп доцна синоќа на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот