Започна кривична постапка против градоначалникот на Скадар

Фото: Профимедиа

Нему му се заканува казна затвор до три години и забрана за извршува јавни функции одреден временски период.

Обвинителството во Тирана почна кривична постапка против Валдрин Пјетари, избран за градоначалник на Скадар на локалните избори од 30 јуни, под обвинение за фалсификување на образецот за декриминализација.

Нему му се заканува казна затвор до три години и забрана за извршува јавни функции одреден временски период.

Во истрагата е потврдено дека по неговото апсење во Италија тој дал лажен идентитет, намерно менувајќи ја последната буква од името (Валдрим). Ова ја отежнало идентификацијата, се додека не се извршила обработка на отпечатоците од прстите.

Пјетри бил уапсен во Фиренца, Италија на 27 јануари 2003 година, по што бил осуден на 18 месеци затвор и парична казна од 1.000 евра за кривично дело „дистрибуција, производство и трговија со наркотици и други психотропни супстанци” извршени во соработка. Поради признавањето на вината судот донесол одлука за поништување на казната и донесол нова одлука за негова депортација.

Веднаш по обвинувањата на опозицијата и започнувањето на постапката од страна на Обвинителството, Пјетри се откажа од градоначалничката фотелја на која официјално не ни седна. Тој образложи дека сака да ја докаже својата невиност како обичен граѓанин.

За криминално досие опозицијата обвини уште двајца градоначалници.

Според опозицијата градоначалникот на Вау те Дејес, Марк Бабани, во периодот 2002/2003 бил уапсен и осуден во Северна Македонија, додека претходно во периодот 1994-1999 година бил осуден во Италија и протеран и оти користел три различни идентитети. За него се чека потврда од властите на споменатите земји.

За градоначалникот на Вора, Агим Кајмаку албанското Обвинителство во соработка со грчките власти веќе потврди дека тој го фалсификувал образецот за декриминализација, прикривајќи дека бил апсен и бил под истрага во Грција за кривично дело употреба на фалсификувани пари, како и за прикривање на лажен идентитет што во Грција го користел за неговите родители. Централната изборна комисија веднаш му го одзеде мандатот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот