ЗАПАЛИ ДЕТСКА ГРАДИНКА: 17-годишен КОСОВЕЦ уапсен во Германија

Албинфо

Германската Федерална полиција, во понеделникот уапси 17-годишен Косовец, кој е осомничен за подметнување на пожар во детска градинка во Еркрат. ДПА.де информира дека тој бил уапсен по враќањето од Косово на аеродромот во Дизелдорф. За подметнувањето на пожарот е обвинет уште еден 17 годишник.

Полицијата го бараше 17-годишникот со две потерници, информираа федералните власти. Освен подметнување на пожар, тој е обвинет и за шест кражби, пренесува Албинфо.

Двајцата млади се обвинети дека во јули 2019 година се обиделе да скршат дел од ограда на детската градинка со помош на камен од калдрма и откако овој обид им пропаднал, тие се сомневаат дека запалиле неколку перници.

Како последица на тоа детската градинка беше уништена речиси целосно. Другиот 17-годишник, според податоците на истражителите го призна делото на почетокот на август.

Во тоа време полицијата информираше дека врши истрага против уште едно лице. И како што изјавил за ДПА полициски портпарол, станувало збор токму за младиот Косовец, кој бил приведен во понеделникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот