Занаетчиската комора Скопје одбележува 90 години од основањето

Во Хотелот „Холидеј ин” денеска ќе биде одбележан јубилејот „Деведесет години Занаетчиска комора Скопје”.

Занаетчиска комора Скопје обележува 90 години од основањето од далечната 1932 година. Занаетчиската комора Скопје има значајно место во економското подигање на занаетчиството во изминатиот период.

Како што најавија од Комората, на настанот ќе присуствуваат министрите за економија и за образование и наука, Крешник Бектеши и Јетон Шаќири, директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска и градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска.

Во рамките на овој настан ќе се доделат плакети на занаетчии кои дадоа значаен придонес низ годините во организираното коморско здружување на занаетчиите. Исто така ќе се доделат 20 мајсторски дипломи за козметичар кои се на VБ ниво во Националната рамка на квалификација, на ниво на постсредно образование, додадоа од Комората.

Свој настап на овој јубилеј ќе имаат и Фризерска секција – Скопје, со ревија на фризури изработена од врвни мајстори во фризерството и учениците од СУГС „Димитар Влахов”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот