Зајкова: Во Скопје нема напредок, да внимаваме кому му даваме шанса да го води градот

Моника Зајкова - претседателка на ЛДП / Фото: „Слободен печат“ / Драган Митрески

Пратеничката и претседателка на ЛДП, Моника Зајкова, во гостувањето во утринската програма на „Слободен печат“ предупреди дека во иднина граѓаните треба да внимаваат кому му ја даваат шансата да го води градот.

– Според приметите кои досега ги имаме конкретно за локалната власт во Скопје не можеме да видиме никаков напредок и константно сме сведоци на еден поинаков дух на градот. Наместо да одиме напред и да пројавуваме прогрес ние сме заглавени и премолчуваме многу битни општествени проблеми. Затоа во иднина да внимаваме како граѓани на кого ја даваме шансата да го води градот, изјави Зајкова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот