Захарова: Русија ги уништи сите залихи на хемиско оружје

Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова денеска изјави дека Москва во целост ги исполнила своите обврски за уништување на резервите на хемиско оружје.

– Сакам да укажам дека Русија во целост ги исполни своите обврски за уништување на резервите на хемиско оружје и оти процесот е завршен пред три години под надзор на Организацијата за забрана на хемиското оружје, истакна Захарова.

Таа додаде Организацијата за забрана на хемиското оружје, која спроведува инспекции во поранешните фабрики за хемиско оружје, досега не пријавила никакво кршење на законите.

Изјавата на Захарова уследи откако поранешниот британски министер за одбрана Бен Волас во интервју за „Дејли телеграф“ изјави дека Велика Британија сака да воспостави однос ос рускиот народ, но оти тоа не е лесно по инцидентот во Солсбери.

Во англсикиот град Солсбери во 2018 година беа отруени поранешниот двоен агент Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка Јулија. Британските власти и Организацијата за забрана на хемиското оружје тврдеа дека тие беа отруени со рускиот нервен отров новичок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот