Захариева навредена што фашистичкото минато на Бугарите сѐ уште стои во македонските учебници

epa08536510 Bulgarian Foreign Minister Ekaterina Zaharieva addresses a joint press conference following a meeting with her Czech counterpart, Tomas Petricek, at the Czernin Palace in Prague, Czech Republic, 09 July 2020. EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева вели дека најголемиот проблем во односите со Северна Македонија се недоволните гаранции за спроведување на Договорот за добрососедство.

Во интервју за германскиот јавен сервис АРД дадено на почетокот на декември, а објавено вчера, Захариева вели дека Софија нема да даде зелено светло за почеток на пристапните преговори се’ додека тие гаранции не станат дел од  Преговарачката рамка. Дел од нив треба да биде и признавањето на „историската вистина“, како што ја формулира Захариева и притоа алудира дека во државната политика на Северна Македонија се уште владеат „тоталитарни методи“.

„Бугарија сака да биде признаена историската вистина. Тоа не беше проблем за Северна Македонија кога се потпишуваше Договорот – тоа заедничко минато кое треба да не’ поврзува, а не да не’ разделува.”

„Ние не велиме: Овие херои се само наши. Ние велиме: Тоа се заеднички херои.
Тоа е модерно размислување на две земји, особено доколку сакаат да бидат заедно во ЕУ. Не може секојпат кога некој во Северна Македонија јавно ќе каже дека некој од овие херои бил Бугарин, да биде јавно линчуван. 30 години по падот на тоталитарните режими, тоталитарните методи и пристапи не смеат да бидат државна политика“, вели Захариева за АРД.

Втората забелешка која ја изнесува Захариева се однесува на историските учебници во Северна Македонија.

„Во учебниците во Северна Македонија Бугарите се’ уште се претставени како фашисти. Како би се чувствувале Вие, кога 75 години по војната некој се уште би ве претставувал како фашист?”

Понатаму во разговорот, бугарската министерка во два наврати ја образложува потребата од вметнување на бугарските барања во Преговарачката рамка, иако тоа беше одбиено од актуелниот претседавач со ЕУ, Германија.

„Не сакаме да ја блокираме Северна Македонија. Но доколку во Преговарачката рамка немаме никакви гаранции, невозможно е да се каже ‘да’. Сеедно дали од сегашното или идното претседателство на ЕУ, доколку нашите предлози бидат ставени за дискусија во Преговарачката рамка, Бугарија ќе биде во можност да каже ‘да’.”

Според Захариева, со тоа нема да се направи преседан во ЕУ затоа што, како што тврди, билатерални услови биле вметнати и во Преговарачката рамка на Хрватска.

„Северна Македонија очигледно не е подготвена, договорите за пријателство, добрососедство и соработка да бидат надгледувани и да станат дел од Преговарачката рамка. Кога некој во С. Македонија вели дека ќе се придружува до договорот со Бугарија, иако во моментов не го почитува, зошто е проблем, добрососедските односи – еден хоризонтален мастришки критериум – да се вметнат во Преговарачката рамка? Постојат такви текстови во Преговарачката рамка на Хрватска. Тоа не е преседан“, вели Захариева во интервјуто за АРД.

Преземено од Дојче Веле

Реакција на Еврејската заедница: Бугарските пронацистички власти се директно одговорни за насилната депортација на македонските Евреи

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот