Заев: „Запознај ја Преспа” ќе ги привлече граѓаните да ги видат убавините на Преспанското Езеро

Убеден сум дека ќе го привлечеме вниманието на сите граѓани од Северна Македонија, да го користат целиот летен период за да го посетат Преспанското Езеро и да ги видат убавините, порача премиерот Зоран Заев на дводневниот настан „Запознај ја Преспа”.

Истакна оти се надева дека со  настанот „Meet Prespa”, што се одржува викендов во Преспа, се започнува една убава традиција што ќе го одбележи пријателство, меѓу Северна Македонија, Албанија и Грција, посебно преку импликација на дружење со  младите.

– Младите кои се тука од нашата земја, Албанија и Грција се навистина одличен пример на соработка, на иднина, на перспективи. Верувам дека овој туристички потенцијал заедно со моментумот на политичкиот договор што значи прогресивност и иднина, ќе одбележи една одлична можност ем на дружење, ем на креативност и на развој на туризмот на ова прекрасно место, истакна Заев.

Во рамки на дводневниот настан „Запознај ја Преспа” на Дупени бич денеска се одржува и дегустација на традиционална храна каде присутните имаат можност да ги вкусат највкусните традиционални специјалитети како ѓомлезе, аршлама, разни зелници, петулици, циронки, белвици, штрудла со домашни овошја…

Градоначалникот на Ресен Живко Гошаровски истакна дека денеска се спроведува прекрасна презентација и дегустација на многу продукти од Преспа. Наведе дека во рамки на настанот се спроведуваат повеќе младински активности, меѓу кои и акција за чистење во Отешево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот