Заев: Партијата е отворена за нови луѓе, во новиот конгрес влегуваме со нови политики

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

СДСМ утре бира заменик претседател на партијата, членови на Централниот одбор на СДСМ, членови на Надзорниот одбор, а после тоа следуваат состаноците на кои ќе се бираат потпретседателите на партијата, генералниот секретар, секретар за меѓународна соработка, Извршниот одбор на партијата, односно управното раководство, рече денеска премиерот Зоран Заев. Тој посочи дека влегуваат во нов конгрес со нови политики.

Премиерот и лидер на СДСМ денеска на прес-конференцијата во одговор на прашање околу наводните шпекулации за избор на новото раководство на партијата рече дека се што излегува во јавноста се најверојатно дискусии кои се водат во рамки на на органите и телата на партијата.

Додаде дека утрешниот ден го почнуваат со Извршен и Централен одбор, каде што ќе се оформуваат предлозите и, како што посочи, веројатно ништо нема да се знае се до утре околу 10, 11 часот кога ќе почнат првите состаноци.

-Не би можел ништо да кажам заради тоа што нема оформено предлози, односно секој може да има свои идеи во главата, почнувајќи од мене како прв меѓу еднаквите во СДСМ, и овластен предлагач согласно статусот на Социјалдемократскиот сојуз, но сето тоа е безвредно ако органите и телата како овластени предлагачи не го предложат пред самиот конгрес, додаде премиерот.

Појасни дека дека има најмалку 30 отсто обновени кадри во највисоките органи на партијата.

-Партијата е отворена за нови луѓе, за нови шасни да напредуваат во своја кариера, но по пат на дискусија на Извршниот одбор и Централниот одбор, и на крајот во конгресот ќе се донесат сите одлуки, додаде премиерот Зоран Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот