Заев нема намера да поднесе оставка

Премиерот Зоран Заев во врска со телефонските разговори објавени од руски комичари, рече дека нема намера да поднесе оставка, ниту пак има намера да бара одговорност од протоколот. Лажните разговрои, како што посочи, се оствариле преку ватс ап.

– Кога некој бара да се слушне со мене, јас го давам терминот и кога ќе се реалзира разговорот, мој советник седува до мене и прави записник, а записникот завршува во архива. При овие разговори почитувани се сите основни протоколи на комуникација и поврзување. Не ми е првпат да разговарам со Порошенко и Столтенберг. Немам намера да поднесам оставка, од овој процес ќе излеземе посилни, нема да ја затворам мојата комуникативност, сакам да споделувам и примам информации од граѓаните. Но, се покажа дека ваквата отвореност носи горки чувства – рече Заев.

Според него, разговорите биле реализирани според сите протоколи и нема намера да бара одговорност од никого од кабинетот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот