Заев: Коалицијата „Можеме“ ќе предложи избори во средина на јуни

Предвремените парламентрани избори да се организираат во средината на јуни, е предлогот на коалиционите партнери од коалицијата “Можеме”, предводена од СДСМ.

Ова на прес конференција по средбата го соопшти лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тој нагласи дека ова е ставот на коалицијата со кој ќе одат на лидерската средба во вторник кај претседателот на државата, Стево Пендаровски.

-Заклучивме дека на државата и се потребни избори веднаш штом се создадат услови за нивно одржување. Доколку продолжи да се намалува заразата тоа е најдобро од здравствен и економски апсект. Добро е да се одржат во такви услови зашто не се загорозува здравејто на граѓаните, посебно што на есен се очекува нов пик. Тоа би и дало можност на држата подобро да се подготви за новиот бран со Собрание и функционални инситуции, изјави Заев по средбата.

Тој нагласи дека кризата со коронавирусот остави сериозни последици на економијата и затоа, како што кажа, се потребни Собрание и Влада со целосен легитимитет за да можат да преземат соодветни чекори за нејзино надминување.

-Нашата држава навремено презеде мерки и добро се справува со вирусот, но не треба опуштање и затоа апелираме граѓаните да се придржуваат и да ги почитуваат сите препораки, потенцира Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот