Заев испрати телеграма со сочувство до семејството на доктор Магдалена Антова Велевска

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Претседателот на СДСМ Зоран Заев испрати телеграма со сочуство до семејството на починатата професорка и доктор и поранешна пратеничка на СДСМ, Магдалена Антова Велевска

Во телеграмата меѓу друго се наведува:

„Со искрена жал ја примив веста за смртта на доктор Магдалена Антова Велевска, истакната професорка и докторка и почитувана членка и поранешна пратеничка на СДСМ.

Упатувам длабоко сочуство до семејството за загубата. Нејзиното заминување на е загуба само на вашето семејство, туку на здравствената и научната фела, тоа е загуба за државата и стручната јавност.

Искрено се надевам дека во овие мигови на неизмерна жал, ќе најдете утеха во делата што Магдалена ги остави зад себе“, пишува Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот