Заев: Да ја чуваме надежта дека празникот на Воскресението Христово трае во продолжение од 40 дена

Оваа година, Велики Петок, наместо во храмовите го прославуваме дома, во кругот на семејството. Да го поминеме во тихување и подготовка за да ја дочекаме вечната недела на Воскресението. Нека продрат во нашите срца зраците на надежта и новиот живот и подвигот што го правиме на дело. Во нашата реалност со секојдневната борба со смртоносниот вирус, да ја прославиме победата над смртта, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев по повод празникот Велигден.

„Да ја чуваме надежта дека празникот на Воскресението Христово трае во продолжение од 40 дена. И дека во деновите на Вознесението оваа кризна состојба ќе биде надмината и ќе се вратат деновите кога ќе можеме да се собереме во нашите храмови и заедно да се израдуваме на Христовото Воскресение.

Додека да стигне таа очекувана вест – останете дома и со кругот на семејството дочекајте ја радоста на третиот ден, денот Велигден“, порача Заев на својот фејсбук профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот