јадење
Фото: Unsplash

Зачинот кој секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот за 41 отсто

Новото истражување може да ве натера двапати да размислите пред да посегнете по соларникот. Нутриционистите од Центарот за јавно здравје на Универзитетот во Виена откриле дека луѓето кои додаваат сол во поголемиот дел од оброците имаат 41 отсто поголеми шанси да развијат рак на желудникот од оние кои ретко го користат зачинот.

Претходните истражувања спроведени во Кина, Јапонија и Кореја ја поврзуваа солената исхрана со ракот на желудникот, но ова е едно од првите кое покажа поврзаност и помеѓу жителите на западните земји.

– Нашето истражување покажува поврзаност помеѓу фреквенцијата на додадена сол и рак на желудникот, дури и во западните земји – вели водечкиот автор Селма Кронштајнер-Гичевиќ, нутриционист од Универзитетот во Виена.

Иако австриската студија била само набљудувачка, постарите студии сугерираат дека вишокот на сол може да ја кородира заштитната обвивка на желудникот, предизвикувајќи оштетување на ткивото и доведува до канцерогени мутации.

И алкохолот и пушењето го зголемуваат ризикот од рак на желудникот. Идеално е да се консумираат помалку од 1.500 мг натриум дневно. Со просечна западна исхрана, консумираме 3.500 мг натриум дневно, понекогаш и повеќе.

„Можеби изгледа безопасно да се додаде малку сол за вкус, но постојаното претерување со количината на сол може да биде штетно“, напишаа истражувачите во нивниот заклучок.

Истражувачите од Универзитетот во Виена испитале база на податоци од 471.144 возрасни лица во Велика Британија. Откриле дека во период од 11 години, луѓето кои консумирале најмногу сол имале 41 отсто поголеми шанси да развијат рак на желудникот отколку луѓето кои ретко ја додавале во оброците.

Инаку, консумирањето алкохол и пушењето тутун значително придонесуваат за ризикот од развој на рак на желудникот, според Американското здружение за рак. Ако се открие рано, ракот на желудникот има висока стапка на преживување. Некои рани симптоми вклучуваат надуеност, стомачни проблеми и тешкотии со варењето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот