Забранета продажба на Ајфон 12 во Франција, премногу зрачи

Apple/Apple Event

„Епл“ мора да престане да го продава својот модел Ајфон 12 во Франција поради нивото на зрачење на екранот, изјави министерот за дигитална економија на Франција за „Ле Паризиен“.

Француското набљудувачко тело за радијација АНФР го извести „Епл“ за нејзината одлука да ја забрани продажбата на Ајфон 12, откако извршиле тестови кои покажале дека Специфичната стапка на апсорпција на паметниот телефон (САР) е малку повисока од законски дозволената, изјави Жан-Ноел Баро за весникот.

Баро рече дека ажурирањето на софтверот би било доволно за да се решат проблемите со зрачењето поврзани со телефонот што американската компанија го продава од 2020 година.

„Се очекува Епл да одговори во рок од две недели“, рече тој, додавајќи: „Ако не успеат да го сторат тоа, јас сум подготвен да нарачам повлекување на сите Ајфон 12. Правилото е исто за сите, вклучувајќи ги и дигиталните гиганти“ вели тој.

Европската унија постави безбедносни граници за вредностите на САР поврзани со изложеноста на мобилни телефони, што може да го зголеми ризикот од некои форми на рак според научните студии.

Француското набљудувачко тело сега ќе ги пренесе своите наоди на регулаторите во другите земји-членки на ЕУ. „Во практична смисла, оваа одлука може да има ефект на снежни топки“, рече Баро.

Во 2020 година, Франција ги прошири регулативите со кои се бара од трговците на мало да ја прикажуваат вредноста на радијацијата на производите на пакувања надвор од мобилните телефони, вклучувајќи таблети и други електронски уреди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот