За вакцинираните бесплатен пијалок во кафулињата: Црна Гора вака го поттикнува вакцинирањето

Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Во Црна Гора сите кои се вакцинирани, а имаат потврда за тоа, од денеска можат да добијат пијалок во одредени угостителски објекти.

Претставникот на Угостителите на Црна Гора Никола Буздован изјави за Утринската програма на ТВЦГ дека со тоа сакаат да дадат свој придонес пред туристичката сезона, пренесува Танјуг.

Вакинираните ќе можат да добијат пијалок во одредени локали.

-Побаравме поддршка од Министерството за здравство и економија, меѓутоа не ја добивме. Одлучивме сепак да продолжиме со тоа во нашите скромни можности, рече Буздован.

Тој истакна дека целта на кампањата е да се поттикнат граѓаните да се вакцинираат, барем во угостителството и хотелиерството.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот