За прв пат асфалтирана улицата 80 во Волково

Улицата 80 во населбата Волково во општина Ѓорче Петров за прв пат е комплето асфалтирана а работните активности на терен ги изведуваат екипите на ЈП „Улици и патишта“.

– Улицата е со должина од 145 метри и широчина од 3,5метри и прв пат е асфалтирана. Екипите при изградбата извршија чистење и земјан ископ на површината од 500 метри квадратни, поставување на тампон слој и потоа ја вградија асфалтната маса. Улицата 80 е асфалтирана како дел од проектот на Град Скопје за изградба на повеќе од 25 улици во пет населени места во општина Ѓорче Петров и е со соработка со општината – стои во објавата на ова јавно претпријатие.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот