градилиште / градежни работници / илустрација

За инженерите и економистите „нема зима“ за вработување

Најголемите потреби од високообразовни кадри се од секторите електротехника (31,8 отсто), економија, право и трговија (26,3 отсто), машинство (15,2 отсто), здравство и социјална заштита (8,1 отсто), градежништво и геодезија (7,1 отсто) – покажа анализата на СКСМ

Последната Анализа на потребите на работодавачите од високообразовни квалификации на Стопанската комора на Македонија, идентификува раст на бројот на компании што имаат соработка со високообразовните институции. Според Јелисавета Георгиева Јовевска, советничка во Кабинетот на претседателот на СКСМ, заложбите на Комората во изминатите 20 години одат во насока на реформи во образованието, пред сè преку дуалниот систем на образование, кој го вклучува приватниот сектор во реализацијата на практичното образование, процес што веќе произведува кадар на пазарот на труд што е по мера на работодавачите.

– Дури 53 отсто од компаниите изјавиле дека соработуваат со факултетите, таа соработка е особено изразена во секторите на финансиски дејности, дејности на осигурување, преработувачка индустрија, градежништво и трговија на големо и мало, поправка на моторни возила и мотоцикли. Од регионален аспект, пак, најголем потенцијал за соработка има во Скопскиот, Источниот, Пелагонискиот и во Југозападниот плански регион. Од аспект на потребите, приватниот сектор има особен интерес од економисти (19,2 отсто), ИТ-кадар (14,1 отсто), електроинженери (11,6 отсто), машински инженери (10,6 отсто).

Нешто помали се потребите од правници (4 отсто), градежни инженери (3 отсто), инженери (2 отсто) и технолози (2 отсто). Гледано низ призмата на сектори на квалификации, најголемите потреби од високообразовни кадри се од секторите електротехника (31,8 отсто), економија, право и трговија (26,3 отсто), машинство (15,2 отсто), здравство и социјална заштита (8,1 отсто), градежништво и геодезија (7,1 отсто) – покажа анализата на СКСМ.

Стопанската комора водена од потребите на приватниот сектор лани го започна процесот на консултации со универзитетите во насока на вклучување на бизнис заедницата во детектирањето на потребите од високо образовни квалификации, препознавање на вештините што треба да ги постигнат студентите во своето образование, но и вклучување на приватниот сектор во реализација на практичната настава. За таа цел СКСМ, организираше „Отворен и кариерен ден“ на УГД Штип.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот